Гласаат инфицираните со коронавирусот и лицата во самоизолација во Охрид и Струга
Правото на глас на предвремените парламентарни избори денеска го остваруваат 38 лица од Охрид кои се во самоизолација или се позитивни на коронавирусот.
-Гласањето на тие лица го реализираат два посебни изборни одбори придружувани од медицински персонал одреден од страна на Државната изборна комисија. Станува збор за 38 лица од градот, но и од околните села Велгошти, Лескоец и Рача, информираше Климент Камнаровски, претседателот на ОИК Охрид.
На идентичен начин се реализира и гласањето во Општина Струга каде денеска гласаат 55 лица позитивни на КОВИД-19 или лица на кои им е одредена мерка за самоизолација.
Претседателот на ОИК на Струга Бледар Зиба појасни дека од тие лица 12 се од градот, а останатите се од струшките села.
-Првиот конвој од гласањето е завршен, собран е гласачкиот материјал, а до крајот на денешниот изборен ден престојат уште да се реализираат два такви гласачки конвои, рече Зиба.
Во Општина Дебрца нема пријавени лица за кои би важеле посебните мерки за остварување на нивното гласачко право во новонастанатата ситуација со епидемијата на коронавирусот.
Ново на Сител
-
ОЈО поведе истрага за пожарот во Трубарево
-
Муцунски во посета на САД, средба со конгресмени и сенатори
-
Протест со повик „Ниту една повеќе“
-
Тема на денот со Сузана Јошевска Анастасовска, адвокатка
-
Две години затвор за Лидија Димова, треба да врати над 350.000 евра на Националната агенција за европски образовни програми
-
Трубарево и Дрисла под контрола - учениците во четирите училиште в понеделник се враќаат на настава
-
Политички реакции за фемицидот во Велес
-
Стартуваа обуките за јавната администрација - премиерот најави департизација на јавниот сектор