-->
-->
Гладков: Најмалку еден цивил загина во нападот на украинските сили врз Белгородската Област
-->

Гувернерот на руската област Белгород, Вјечеслав Гладков денеска изјави дека градот Валујки по нападите од украинските сили останал без напојување со електрична енергија.
Гладков истакна дека во градот имало повеќе експлозии, при што еден цивил загинал, а двајца се повредени. Русија повеќе пати досега ја обвинуваше Украина за напади врз населени места во белогородската област.
Областа Белгород е лоцирана во близина на границата со Украина, од каде се испраќаат руските војници на украинска територија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Трамп најави средби со европски лидери за Украина и нов разговор со Путин
-
Нови прoтести на студентите во блокaдa зaкaжани за денеска во Белград и во Нови Сад
-
Евробаскет 2025: Селекторот на Италија поднесе оставка
-
Алкараз шампион на УС опен и нов број 1 на светот
-
Директорот на српската полиција: Над 126.000 луѓе присуствуваа на 111 собири против блокадите
-
Во Неготино поставени телескопи преку кои се набљудува затемнувањето на Месечината
-
Сообраќајка на патот Штип - Плачковица, сообраќајот во прекин
-
Лихтенштајн совладан убедливо со 5:0 за враќање на прво место во групата