-->
-->
Ѓоровиќ го објави списокот кошаркарки за ЕП Б дивизија во Охрид и Струга
-->
Селекторот на македонската женска кошаркарска репрезентација до 16 години Владимир Ѓоровиќ ги одреди 17-те кошаркарки кои ќе ги почнат подготовките за Европското првенство Б-дивизија, чии домаќини од 13 до 23 август се Охрид и Струга.
На стартот на подготовките на 13 јули во 17 часот во салата на Факултетот за физичка култура „Македонски херои“, селекторот Ѓоровиќ и неговиот помошник Анета Глигорова ќе ги очекуваат следниве кошаркарки: Софија Стоева, Наталија Белеска, Ања Диздаревиќ, Теа Митрева, Евгенија Рафтоска, Тијана Митрева, Искра Андонова, Моника Бадиоска, Теодора Кузмановска, Тијана Костеска, Марта Толевска, Анамарија Шеќероска, Ксенија Стојчевска, Снежана Серафимовска, Александра Крстевска, Јована Петрушевска и Ивона Кочобашиовска.
Во текот на подготовките кошаркарките ќе тренират два пати на ден, а ќе одиграат и пријателски натпревари против врсничките од Црна Гора и Бугарија.
Македонија на Европскиот шампионат во Охрид и Струга се наоѓа во групата-Д заедно со селекциите на Белорусија, Финска, Израел и Литванија.
Според системот на натпреварување двете најдобро пласирани репрезетации од четирите групи продолжуваат во следната рунда.
На првенството ќе учествуваат 20 репрезетации.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Стартува новата учебна година за над 245 000 ученици
-
Оваа школска година во Прилеп во основните и средните училишта ќе ја започнат околу 9.000 ученици
-
Охрид доби ново училиште
-
Филипче: Не се откажуваме од резолуцијата со црвени линии, до крајот на неделата документот ќе влезе во Собрание
-
Шумските пожари досега предизвикале штета од една милијарда денари
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Весна Јаневска, министер за образование и наука
-
245 000 ученици утре ќе седнат во училишните клупи - 17 250 се првачиња