Тенис
14. October 2016 - 8:20

Ѓорческа и Јотовски во борба за полуфинале

Лина Ѓорческа и Томислав Јотовски денеска ќе играат мечеви за пласман во полуфиналето на фјучрс турнирите. Ѓорческа во Италија за противничка ја има Романката Ирина Марија Бара (252 место на ВТА) и во досегашната кариера има билнас 1-1 против Романката. Фјучрсот во Италија се игра за награден фонд од 25.000 долари.

Томислав Јотовски по пауза од еден месец повторно е на терените откако ја залечи повредата на рамото добиена на меч во Ниш против Нино Сердарушиќ од Хрватска. Токму хрватскиот тенисер денеска е ривал на Јотовски во четвртфиналето на фјучрсот на Бол на Брач. Сердарушиќ беше и учесник на трите турнири одржани во Скопје летово. Меѓусебниот скор е 1-1 (Јотовски има победа во Ровињ 2015 година, а Сердарушиќ пред еден месец во Ниш).
 
Почетокот на двата меча е закажан за 10 часот.