-->
-->
Ѓоковиќ сака да настапи на ОИ 2028
-->

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, кој ја освои олимписката титула во тенис во поединечна конкуренција на Игрите во Париз, најави дека сака да учествува на следната Олимпијада во 2028 година во Лос Анџелес.
Ѓоковиќ во вчерашното финале го совлада Шпанецот Карлос Алкараз со 7:6(3), 7:6(2) и на 37-годишна возраст стана највозрасниот победник на олимпискиот тениски турнир.
„Сè уште сакам да одам во Лос Анџелес. Сакам да ја претставувам мојата земја на Олимпијадата и Дејвис купот. Да бидам искрен, не знам што ќе се случи во иднина, сакам да уживам во сегашниот момент“, рече Ѓоковиќ.
Српската Влада денеска донесе одлука да го награди Ѓоковиќ и неговиот тренер со 200.000 евра за освоеното олимписко злато.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Татјана Алексиќ, професорка
-

Реактор истражување: Кој се грижи за мајчинството, менталното здравје и невидливиот товар на очекувањата?
-

Власта и опозицијата со нови обвинувања за притворот на Груби
-

Сад и Израел го нападнаа Иран
-

Амбасадата со поддршка за граѓаните
-

Анализа на нападот и одмаздата
-

Македонци од Доха и Дубаи за Сител: Слушнавме експлозии, но засега е мирно
-

Анализа со домашни експерти: Очекувани ли беа нападите меѓу САД и Иран?
