Ѓоковиќ: Многу сум благодарен што Меси дојде на мојот меч со семејството

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ одговори на тоа што аргентинскиот напаѓач на Интер Мајами, Лионел Меси присуствуваше на неговиот натпревар на турнир во САД.
- Неверојатно е што ни се придружи. Голема чест е да играм во негово присуство. Многу сум благодарен што беше тука со неговиот син и семејството. Се разбира, му се восхитував, како и повеќето луѓе во светот, во поголемиот дел од неговата кариера. Неговото влијание во спортот во изминатите 20 години е огромно. Фактот што ме гледа во живо, секако, ми носи голема радост и возбуда, но и одреден притисок, да бидам искрен, изјави Ѓоковиќ за прусуството на Меси со семејството на неговиот меч, за „Sportskeeda“.
Во полуфиналето на Мастерсот во Мајами, вчеравечер Ѓоковиќ го победи Бугаринот Григор Димитров со резултат 6:2, 6:3.
Ново на Сител
-

Муцунски на ја коментира работата на историската комисија
-

Николоски: Силно сме посветени на туризмот
-

Бислимовски: МЕПСО побара минимално зголемување на цената на струјата
-

Нов парк во Бутел
-

Компаниите не знаат колку ќе плаќаат за декарбонизација
-

Меѓународна научна конференција „Македонскиот јазик – извор на научни истражувања“
-

Пoвторно случаи со телефонски измами во Охрид
-

Живот под отворено небо
