-->
-->
Ѓоковиќ го откажа учеството на Мастерсот во Мајами
-->
Светскиот рекет број 1, Србинот Новак Ѓоковиќ ќе го пропушти Мастерсот во Мајами, кој ќе започне следната недела.
– Одлучив да го искористам ова драгоцено време да бидам дома со моето семејство. Имајќи ги предвид сите ограничувања, треба да најдам рамнотежа помеѓу времето на турнеја и домашното време, ја објасни својата одлука шампионот на Австралија опен.
Така, на турнирот во Мајами ќе недостасуваат Ѓоковиќ, Рафаел Надал, Роџер Федерер и Доминик Тим.
Од најдобрите 5, таму ќе играат само Данил Медведев и Стефанос Циципас.
Турнир од Мастерс серијата ќе се одржи без барем еден играч од „Големите тројца“, првпат по Париз 2004 година. Оттогаш се одржаа 138 натпреварувања во оваа категорија, а Федерер, Надал и Ѓоковиќ освоија 95 титули во нив.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Парламентарна кампања
-
Тема на денот со Мирче Адамчевски, новинар, аналитичар
-
Преглед на вестите од светот
-
ВМРО-ДПМНЕ и Вреди се поблиску до владина коалиција
-
Продолжува претседателската кампања
-
Продолжува парламентарната кампања
-
Детектор: Близу 60% од граѓаните ќе гласаат на изборите - кампањата не влијаела на нивната одлука
-
23 години од масакрот кај Вејце