-->
-->
Гитарата на Џон Ленон, долго сметана за загубена, продадена на аукција за 2,4 милиона долари
-->

Акустичната гитара на Џон Ленон, која долго време била сметана за загубена, продадена е на аукција во Беверли Хилс за 2,41 милиона долари, пренесоа светските агенции.
Наддавањето беше организирано од аукциската куќа „Џулианс“.
Првичната цена на гитарата, која Ленон ја загубил за време на концертот во Лондон во декември 1963 година, беше 300 000 долари.
Гитарата неодамна беше пронајдена во Њујорк. Аукциската куќа посочува дека не знае под какви околности гитарата била најдена. Станува збор за моделот „Гибсон J-160E“.
Познато е дека Ленон ја користел гитарата за компонирањето на некои славни парчиња на „Битлси“, како „Love me do“, „She loves you“, „Please Please me“, „I want to hold your hand“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Амар Мециновиќ, кандидат на Левица за градоначалник на Скопје
-

Кандидати и актуелни градоначалници се мобилизираа во чистење на главниот град
-

Кој треба да понесе одговорност по изборните резултати?
-

Мицкоски повика на масовност во втор изборен круг
-

Се зголемува бројот на жртви на семејно насилство во Прилеп
-

Преглед на вестите од светот
-

Ќе има ли прегрупирање на гласови во вториот круг?
-

Тема на денот со Александар Трајановски, кандидат на СДСМ за градоначалник на Аеродром
