Гинисовиот рекорд за најголема чинија со ориз остана во Турција
Само пет дена траеше радоста на жителите на кинескиот град Јангзу, каде што минатиот четврток 300 готвачи во огромен сад подготвиле јадење од 4.129 килограми ориз.
Со тоа количество беше урнат рекордот поместен во Гинисовата книга од септември минатата година, кога во турскиот град Болу било подготвено јадење од 3.150 килограми. Кинескиот рекорд, меѓутоа, е поништен поради тоа што судиите на Гинис откриле дека 150 килограми од јадењето, наместо да бидат поделени на ученици, биле употребени за храна во фарма за свињи.
Луѓето од Гинис соопштија дека принципиелните правила на оваа популарна институција строго определуваат дека храната што се прави во обид да се постигне светски рекорд мора да биде дистрибуирана меѓу луѓето и тие да ја консумираат.
Причината за поништување на кинескиот рекорд е веста за донирање на дел од оризот на свињарска фарма, со која се пофалиле самите организатори.
Градот Јангзу, од провинцијата Џиагнсу, каде што бил постигнат, па поништен, гинисовиот рекорд прославува 2500 години од своето постоење. Градот и вон Кина е познат по јадењата од ориз, кои традиционално се сервираат во чинии испишани со пораки и претскажувања. Тие што пробале се одушевени од комбинациите на јадењата чија основа е оризот, а како додавки се употребуваат јајца, ракови и свињско месо. „Јангзу порцијата’’ е на менито на голем број кинески ресторани ширум светот.
Ново на Сител
-
Работничка добила отказ бидејќи планирала да забремени со Ин витро – КСЗД утврди дискриминација
-
СДСМ: Ристовска треба да поднесе оставка, одлуката за Христовски ја поткопува довербата во ДКСК
-
Ако поскапат основните производи по само еден час ќе ги замрзнеме цените, рече Дурмиши
-
5те базени што ги гради државата ќе бидат готови до крајот на летото
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: Кртови кои ги издаваат полициските акции ќе има уште кратко и сите ќе одговараат
-
Мицкоски очекува Ахмети да биде повикан на распит за да каже каде е Груби
-
Реновиран дел од Клиниката за психијатрија