Македонија
7. December 2019 - 12:07

Гевгелиските пензионери садеа дрвца во детските градинки

 

Педесетина садници од јавор, бреза, божиќно дрвце и мушмула денеска засадија гевгелиските пензионери во акцијата за пошумување што ја реализираа во детските градинки „Детска радост“, „Сончогледи“ и „Цветови“ во Гевгелија.

-Акцијата „Пензионерите пошумуваат“ според нашата програма за спорт и рекреација ќе стане традиционална и во договор со локалната амоуправа ќе се организира секоја година во месец декември на различни локации во општината, рече претседателот на гевгелиските пензионери, Велин Стојменов.

На акцијата присуствуваше и Елизабета Стефановска, директорка на Јавната општинска установа „Детска радост“, која им изрази благодарност на пензионерите за нивната благородна акција.