Германското разузнавање загрижено од повратниците од ИД

Германските служби за безбедност се сериозно загрижени од заканите од членовите на Исламска Држава (ИД) кои се враќаат дома од Сирија и Ирак.
Федералната служба за безбедност (БНД) има нецелосни информации за околу 300 германски граѓани кои патувале на Блискиот исток како дел од ИД и кои претставуваат реална опасност за германската безбедност, пренесува весникот Билд.
Шефот на БНД, Герхард Шиндлер, за весникот изјави дека за да се спречат планираните напади на ИД службите ќе мора да ги зголемат напорите за инфилтрирање на агенти во милитантните групи.
Германија е една од земјите во ЕУ која има најголем број на свои граѓани во редовите на ИД, со над 700 борци кои војувале во Сирија и Ирак. Најмалку 150 од нив веќе се вратиле во земјата, но германските власти поради недостиг од финансии и персонал не можат постојано да ги мониторираат нивните активности во Германија.
Ново на Сител
-

Мицкоски верува во решение преку дијалог со Бугарија - Филипче бара европска иднина
-

ВМРО-ДПМНЕ со 3,5 пати поголем рејтинг од СДСМ
-

Кризната состојба за горивата ќе продолжи до април, намалено ДДВ за дизелот до 20 октомври
-

30.000 вакцини против грип пристигнаа во земјата – имунизацијата за една недела
-

Скопското Кале ќе биде прогласено за културно наследство
-

Оризовите стрништа го палат алармот кај пожарникарите
-

Од 20 - 30 питачи од најмала возраст во Oхрид
-

Општина Струмица ја покрива Шапкар со земја за да го намали ризикот од пожари
