Германскиот канцелар Шолц во посета на Токио за зајакнување на економската соработка
– Јапонија сака да ја зајакне својата економска соработка со Германија, изјави јапонскиот министер за економија Јасутоши Нишимура на средбата со неговиот германски колега Роберт Хабек во Токио, каде денеска пристигна германскиот канцелар Олаф Шолц на билатерална средба меѓу владите на двете земји.
„Со оглед на драстично изменетата меѓународна ситуација, зајакнувањето на стратешката соработка меѓу нашите две земји, вклучително и обликувањето на меѓународниот поредок, е од големо значење“, рече Нишимура на отворањето на првите билатерални консултации меѓу владите на двете земји.
Германскиот канцелар Олаф Шолц и шестмина министри слетаа денеска во Токио. Шолц ќе се сретне со јапонскиот премиер Фумио Кишида за да разговара за поцврсти економски врски меѓу двете земји.
Се очекува разговорите да се фокусираат на меѓународната соработка, при што Берлин бара начини да ја намали својата економска зависност од кинеските суровини во услови на прекини на глобалните синџири на снабдување.
Јапонија, која е и голем увозник на суровини, минатата година донесе закон за економска безбедност, што германската влада го гледа како добар пример.
Хабек рече дека климатско неутралните извори на енергија се исто така една од областите за развој на блиска соработка.
шолц во токио
„Со оглед на зближувањето на Кина и Русија и поделбата на глобалната економија, здружувањето на западните земји е уште поважно“, рече Нишимура.
Германија е најважниот трговски партнер на Јапонија во Европа, а Јапонија е вториот најголем трговски партнер на Германија во Азија по Кина.
Одбранбените прашања исто така се очекува да бидат тема на разговор меѓу Шолц и Кишида.
Канцеларот е придружуван и од министерката за надворешни работи Аналена Бербок и министерот за финансии Кристијан Линднер, меѓу другите, и деловна делегација од 11 члена.
Во април минатата година, Шолц ја избра Јапонија како прва дестинација во регионот. Неговите претходници Ангела Меркел и Герхард Шредер прво решија да ја посетат Кина.
Ново на Сител
-

Владата го усвои Предлогот за измени и дополнувања на Буџетот за 2026 година
-

Русија ја бомбардираше Украина со комбиниран напад на роденденот на Путин
-

Меси: Дадов сè за Аргентина
-

Сиљановска-Давкова ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Турција, Алпер Акташ
-

Уапсен 32-годишник кој украл вкупно 12 велосипеди на подрачјето на Скопје
-

Уапсен вишиот јавен обвинител од Битола, Пецо Везироски
-

Николоски: Владата работи на развој на Коридорите како стратешка предност за економска и политичка стабилност
-

Мицкоски: Ќе дојде денот кога лидерите од опозицијата ќе се срамат од тоа што им го прават на Македонија и Македонците
