-->
-->
Германскиот канцелар Шолц позитивен на коронавирус
-->
Германскиот канцелар Олаф Шолц е позитивен на тест за ковид по враќањето од посетата на Блискиот Исток, соопшти денеска владиниот портпарол.
Германскиот лидер имал „благи симптоми“ на настинка, а откако тестот покажа дека е позитивен на коронавирусот, замина во изолација во неговиот апартман во владата, рече Штефен Хебештрајт.
Неговите состаноци закажани за следните неколку дена ќе се одржат виртуелно, додаде портпаролот.
Шолц е позитивен на коронавирусот откако се врати од кусата турнеја овој викенд во Саудиска Арабија, Катар и Обединетите Арапски Емирати, чија цел беше да се најдат нови извори за снабдување со енергија за Германија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Проекти и ветувања на кандидатите за град Скопје
-
Локални избори
-
Неврологот Игор Кузмановски ќе плати казна од 500 евра бидејќи работел без лиценца
-
Со млаки радијатори почна грејната сезона во Скопје
-
Како ќе функционира „Везилка“
-
Преглед на вестите од светот
-
Уште три дена кампања, лидерите ја заоструваат реториката
-
Ѓорѓиевски најави повеќе мерки за подобрување на образовниот процес