-->
-->
Германски европратеник со британско потекло на чело на Комитетот за надворешни работи на ЕП
-->
Германскиот европратеник од редовите на најбројната политичка групација во Европскиот парламент, Европската народна партија (ЕПП), Дејвид Мекалистер, денеска со акламација е избран за нов претседател на Комитетот за надворешни работи (АФЕТ) на Европарламентот.
Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, Мекалистер, кој има британско потекло и е поранешен премиер на германската провинција Саксонија, на местото прв човек на АФЕТ-групата го наследува долгогодишниот претседател на најважниот Комитет на ЕП, а тоа е неговиот партиски колега и сограѓанин - Елмар Брок.
- Чест ми е да бидам претседател на оваа група. Ќе гледам да делувам непартиски и да го водам овој Комитет со советување со координаторите на политичките групи - истакна Мекалистер по денешниот избор.
Инаку, овој германски европратеник со германско потекло е многу важен и за Република Македонија, со оглед на тоа што го превзема претседателското место во Комитетот кој се занимава и со македонската држава и останатите од процесот на проширување. Посебно е важно што 46-годишниот Дејвид Мекалистер добро го разбира балканскито регион, со оглед на тоа што досега беше известувач во Европарламентот за Србија, а и самиот важи за пријател и поддржувач на балканските земји и воопшто на процесот на проширување на Унијата.
Инаку, на денешниот изборен ден во рамки на Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент, избрани се и четворицата потпретседатели што ќе му помагаат и ќе го заменуваат Мекалистер при неговото отстуство, а во раководењето со АФЕТ-групата. Исто како и претседателот на групата, и останатите четворица потпретседатели без избрани со акламација и тоа Данецот Андерс Примдал Вистисен од Партијата на европските конзервативци и реформисти за прв потпретседател, Хавиер Кусо Пермуј од Шпанија (Партија на европско-нордиската левица-ГУЕ-НГЛ) за втор потпретседател, Романецот Анди Кристеа од Партијата на европските социјалисти за трет потпретседател и Хрватката Дубравка Шуица (ЕПП) за четврти потпретседател на Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент.
Претседателот на АФЕТ, четворицата потпретседатели и сите членови на АФЕТ-групата имаат мандат од две ипол години, пред новите избори за Европарламентот, а денешното гласање го покажа поттиснувањето на европските социјал-демократи од врвните позиции во законодавниот дом на Европската унија, како резултат на нивното излегување од големата европска коалиција со Европската народна партија, што резултираше со прегрупирање во ЕП и приближување на ЕПП со либералите и конзервативците, а кое како резултат го имаше изборот на Италијанецот Антонио Тајани (ЕПП) за претседател на Европскиот парламент минатата недела.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Костадинов: Тврдам дека водата во Струмица е исправна
-
Новиот тим македонски историчари утре на прва средба со тимот од Бугарија
-
Пронајдено безживотното телото на стружанецот по кој се трагаше два дена
-
Терористички напад во Турција: Четворица загинати и 14 повредени
-
В.д. директор на ЗОО-Скопје: АХВ упадна без налог и известување
-
Се уште забранета водата за пиење во Струмица
-
Малолетничка претепана со тврди предмети од дечкото
-
Баба (68) „копала“ крипто валути, измамена за 215.497 денари