Германската војска се извини за фотографијата на нацистичка униформа

Германското Министерство за одбрана се извини поради објавената фотографија од униформа од нацистичката ера со медал со кукаст крст.
Портпаролот на војската, Кристијан Тилс, рекол дека објавата брзо била отстранета од Инстаграм и дека станува збор за неприфатлива грешка и дека Министерството длабоко се извинува.
Тилс рекол дека униформата на фотографијата всушност е костим кој актерот Том Круз го носел во филмот „Valkyrie“, а потоа бил изложен во Историскиот воен музеј во Дрезден.
Фотографијата е објавена како илустрација на текст за влијанието на униформите во модата.
Портпаролот рекол дека објавувањето на фотографијата е исклучително иритирачки случај на непромисленост, а не неонацистичка порака и ветил дека ќе има последици за одговорните.
Германската војска од неодамна е активна на социјалните мрежи за да го привлече интересот и да стане поблиска до јавноста.
Ново на Сител
-

Со видео надзор ќе се решава проблемот со дивите депонии
-

Мостовите во Штип стари повеќе од пет децении пред реконструкција
-

Преглед на вестите од светот
-

Системски пропусти за загадената вода во Струга
-

Тема на денот со Андреј Лепавцов, претседател на Паневропска Унија во Македонија
-

Карневалски денови во Струмица
-

Колку ќе биде тешко да се докаже дали во кумановско имало сериски убиец?
-

Истрага за пет тони марихуана
