Германската полиција уапси седум лица осомничени за формирање терористичка група
Германската полиција денеска уапси седум лица под сомнение дека основале терористичка организација со цел да извршуваат напади, слично на сценаријата на Исламска држава.
Обвинителството соопшти дека уапсените се државјани на Туркменистан, Таџикистан и Киргистан и сите биле приведени во германската сојузна покраина Северна Рајна-Вестфалија, дека се познавале долго време, и дека од Украина влегле во земјата веднаш по почетокот на војната во 2022 година, јавуваат британските медиуми.
„Тие во јуни 2022 година формирале терористичка организација и размислувале за цели во Германија и се обидувале да набават оружје, но во моментот на апсењето немаа конкретни планови за напад“, се наведува во соопштението на обвинителството.
Освен државјанинот на Киргистан, другите осомничени кои се уапсени во Германија, исто така, од април 2022 година собирале пари за Исламска држава и во повеќе наврати ги префрлале на групата во странство.
Холандските власти денеска уапсија уште двајца осомничени поврзани со групата, маж од Таџикистан и неговата сопруга од Киргистан, кои престојувале во Холандија од 2022 година.
„Мажот е осомничен дека е член на Исламска држава и дека добил наредба да го планира нападот, иако плановите не биле конкретни“, се наведува во одвоеното соопштение на холандското обвинителство.
Ново на Сител
-
Инцидент на дива депонија во Шуто Оризари: Инспектор од Град Скопје пријавил закани од градоначалникот
-
Руте: Путин знае дека ќе изгуби ако го нападне НАТО
-
Оружје пронајдено во напуштени магацински простории на подрачје на Гази Баба
-
Малолетник прободен со нож во автобус на ЈСП
-
87-годишна жена измамена за 6 илјади евра
-
Нападната малолетничка во Чаир - настанот бил снимен и објавен на социјалните мрежи
-
Родителите на Пешева задоволни од пресудата доживотен затвор за убиецот на нивната ќерка
-
ВМРО-ДПМНЕ и ВРЕДИ разговараат за промена на државниот грб, потврди Мицкоски