Свет
2. April 2022 - 9:16

Германија префрла ракети за противвоздушна одбрана во Литванија

Германија префрла ракети за противвоздушна одбрана во Литванија за да го зајакне источното крило на НАТО, јави ДПА, повикувајќи се на Бундесверот.

Во соопштението на германските вооружени сили се додава дека од четвртокот во балтичката држава пристигнуваат противвоздушни ракети.

Борбената група на НАТО во Литванија е под команда на Бундесверот. Таа беше зајакната неколку пати како одговор на руската инвазија на Украина.

Лесниот систем за противвоздушна одбрана „Оцелот” е дизајниран да ги заштити копнените сили од борбени ловци и борбени хеликоптери кои летаат на ниско ниво.