-->
-->
Германија независно од ЕУ ќе преговара за набавка на „Спутник В“
-->
Германскиот министер за здравство, Јенс Шпан, денеска соопшти дека Германија, во билатерални разговори со Русија, без разлика на позицијата на Европската унија, ќе обезбеди купување на вакцината „Спутник В“.
-Им соопштив на моите колеги од Европската унија, откако Европската комисија синоќа одлучи дека нема да потпише договор за испорака на вакцината „Спутник В“, дека Германија билатерално ќе преговара за оваа вакцина, рече Шпан за ВДР.
Министерот, истовремено, кажа дека Русија мора прво да исполни два услова. Едниот е поврзан со испораката на дополнителни податоци до Европската агенција за лекови (ЕМА), за „Спутник В“ да може да добие дозвола за употреба во Европската унија. Вториот услов се однесува на брзината на испораката на вакцината.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Франција прогласува 294 општини за подрачја погодени од природна катастрофа
-

Турски воен авион се урна на автопатот Измир-Истанбул, загина пилотот
-

Минусни утрински температури на Попова Шапка, Маврови Анови и Охрид, во Гевгелија 10 степени
-

Global Digital City 2026 во Тетово
-

Без струја делови од Центар, Чаир и Студеничани
-

Министерот Љутков во работна посета на Кичево по изборот за Град на културата 2026
-

Со нови сведочења продолжува судењето за пожарот во „Пулс“
-

Кралот на Норвешка, Харалд хоспитализиран во Шпанија
