Бизнис
27. April 2021 - 16:51

Гересхајмер ја отвори фабриката во Бунарџик

Германската компанија Гересхајмер отвори фабрика во Бунарџик. Ќе се произведува медицинска пластика за потребите на фармацевтската индустрија. Инвестицијата во првата фаза е 25 милиони евра. Веќе се вработени околу 50 лица а планот е да се вработат повеќе од 400. Инвеститорот најави проширување на капацитетот со производство на шприцеви со кои ќе се аплицираат вакцини.

Според најавите, втората инвестиција на Гересхајмер  ќе биде најголема странска инвестиција досега реализирана во една фаза.

Гересхајмер е компанија која произведува специјализирани производи од медицинско стакло и пластика со годишен обрт од 1, 5 милијарди евра.  Погони за производство има не само во Европа туку  и во Северна, Јужна Америка и Азија со околу 10.000 вработени.