Герасимовски: Во тек исплатата на еднократната парична помош за пензионерите од Центар
Градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски во утринско гостување информира дека во тек е исплата на еднократната парична помош за пензионерите, кои се пријавиле на јавниот повик од 3.300.000 денари, информираат од Општина Центар.
– Во услови на економска криза, зголемени сметки за струја и зголемени трошоци за пазарење во пресрет на новата година обезбедивме еднократна парична помош за пензионерите со пензии до 17.518 денари. На повикот се пријавија околу 1500 пензионери и за нив исплата во моментов е во тек. Сигурен сум дека средствата ќе им бидат од помош за поспокојно да ги поминат новогодишните празници, изјави Герасимовски.
Тој говореше и за другите социјални проекти во Општината, а во соработка со општествено одговорните компании најави и доделување на околу 3000 пакетчиња за децата во болниците, во здружението за даунов синдром и во малите групни домови.
Герасимовски ги спомена и капиталните проекти за следната година кои се однесуваат на најголемиот проблем во Центар – паркирањето.
– За следната година, градоначалникот ја најави изградбата на катната гаража на „Народен Фронт“ во Капиштец за 260 возила и новата општинска зграда на чија парцела на две нивоа треба да ослободи околу 300 паркинг места, известуваат од општина Центар.
Исто така, тој говореше и за основањето на претпријатието за производство и продажба на струја за кое се спроведува проценка колку би чинело оформувањето и бенефитот.
– Проектот предвидува поставување на фотоволтаици во јавните објекти на училиштата и градинките и јавните претпријатија како ПОЦ, соопштуваат од Општината.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Игор Митревски, инженер за безбедност во сообраќајот
-
Приведени 77 лица, повредени 48 полицајци - Вучиќ најави „нема веќе помилувања, време е за одговорност“
-
Азир Алиу најавува прецизно дефинирани протоколи кога треба пациентите да се испраќаат на Клинички
-
Јаневска: Од идната година свидетелства само електронски
-
По ДОМ и Партијата на пензионерите ја напушта СДСМ
-
Димитриевски реизбран за претседател на „ЗНАМ”
-
Крстевски: Кочани будно ќе го следи судскиот процес, требаше да има оставки од функционери од морални причини
-
Едрилица се скрши сред Охридско Езеро од силен ветар