Герасимовски: Детските реквизитите кои беа искршени од вандали се реконструирани или заменети со нови
Детските реквизити на игралиштето близу т.ц Зебра, кои деновиве беа искршени од поединци или група вандали се реконструирани, информира градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски, додавајќи дека ваквите вандалски однесувања се чести во општината и поради нив трпат и децата и општинската каса.
- Службите на Општина Центар повторно ги заменија или реконструираа искршените реквизити на детските игралишта. За оваа намена општината годишно извојува од 3 до 5 милиони денари за оштетена јавна опрема. Навистина е жалосно што наместо за нови проекти за граѓаните или нови игралишта за најмладите средствата се трошат за оваа намена. Уште полошо е што ова е слика на нашата младина и образот на иднината. Ноќе детските игралишта се збиралиште на хулигани кои демулираат и ја уништуваат детската игра на најмалите. Затоа ги повикувам граѓаните доколку забележат вандалско однесување да го пријават во полиција, ги повикувам родителите да внимаваат на однесувањето на децата, а надлежните институции да ги засилат патролите и постапуваат и ги санкционираат овие појави, потенцирал Герасимовски, соопштија денеска од Општина Центар.
Герасимовски потенцирал дека уништувањето на урбаната опрема претставува прекршочно дело за што следуваат казни од надлежните институции.
Ново на Сител
-
Убиство во психијатриската болница Бардовци
-
Тема на денот со Благојче Атанасоски
-
Матурантите постигнаа подобар успех од лани
-
Детали за акцијата на МВР
-
Сиљановска Давкова: Спортската неписменост и говорот на омраза се срам за сите
-
Беким Сали нов вицепремиер, ако Меџити победи во Чаир
-
Објавен огласот за избор на претседател на Антикорупциска, трае 10 дена
-
Статус Кво ситуацијата со скапо купените акцелератори за зрачна терапија, по една деценија се уште не се во функција