Герасимовски: 3.300.000 денари за поддршка на повозрасните жители во социјален ризик од Центар
Околу 14.000 жители од социјално ранливите категории од општина Центар, ќе добијат финансиска помош од Општината, со цел да им се подобрат животните услови во моменталната економска криза.
Ова го одлучија советниците на Советот на Општина Центар на 16-тата седница, со Измена и дополнување на Програмата за здравствена, социјална заштита и заштита на деца за 2022 година.
-Во овој тежок период, кога сите се соочуваме со последиците од поскапувањата предизвикани од целокупната економска состојба, ние како општина повторно успеавме да им излеземе во пресрет на највозрасните. Ова можеби најмногу им го должиме на оние што нè одгледале и оние кои се најзаслужни за тоа каде сме денес, изјави градоначалникот на општина Центар Горан Герасимовски.
За новата програмска активност „Поддршка на повозрасните граѓани – пензионери во социјален ризик” од Буџетот на општината се издвоени 3.300.000,00 денари и овие средства се наменети за примателите на најниски пензии за да им се помогне во услови на зголемени животни трошоци.
По претходно доставената документација на увид, финансиските средства за оваа група граѓани ќе бидат префрлени на нивните трансакциски сметки.
-Општина Центар во континуитет им дава финансиска поддршка на оние на кои им е најмногу потребна, а со оваа практика ќе продолжи и во иднина, велат од Општината.
Ново на Сител
-
Граѓаните по осми пат избираат локална власт
-
Се гласа од 7 до 19 часот
-
Во Скопје со право на глас 474 304 граѓани, ќе избираат помеѓу 16 кандидати за градоначалник и 19 листи за советници
-
Локалните избори ќе ги следат 1451 домашни и странски набљудувачи
-
Променливо облачно, температурата до 19 степени
-
Состојба на патиштата
-
Нетанјаху изјави дека граничниот премин Рафа ќе остане затворен до натамошно известување
-
Танкер натоварен со течен природен гас гори покрај брегот на Јемен, соопшти поморската мисија на ЕУ „Аспидес“