Македонија
19. October 2025 - 7:59

Локалните избори ќе ги следат 1451 домашни и странски набљудувачи

Осмите Локални избори во земјава ќе ги мониторираат 1451 домашни и странски набљудувачи. Државната изборна комисија акредитираше 807 домашни и 644 странски набљудувачи. Акредитирани за следење на изборите се и 12 странски новинари. 

Најмногу домашни набљудувачи има Здружение за развој на општествено-социјални иновации „ВАКЕ УП" - Скопје - 549. Изборите ќе ги набљудуваат и МКЦ-Битола 23, ЛАГ Агро Лидер-Кривогаштани со петмина набљудувачи, Интерактив Битола со осум, Ромалитико-Скопје - 10, Здружение за општествен развој „ЗА ТЕТОВО“ - пет, Национален совет за родова рамноправност - 25, Здружение Планинарски спортски клув „КАБ Струга", Струга - 16, Евротинк-Центар за европски стратегии - четворица, Здружение на граѓани ЦИВИЛ Центар за слобода - Скопје - 60, Здружение на граѓани за зајакнување на демократските вредности ТРИ СИ КОНСАЛТИНГ - Скопјe T - шест, Институтот за економски стратегии и меѓународни односи ОХРИД - 27 набљудувачи, Национална мрежа Жените за жените - 20, Национален Ромски Центар има еден набљудувач, Здружение за унапредување на демократијата Демокраси Лаб Тетово - четорица, Национален ромски центар, Куманово - двајца, Центар за стратегиски истражувања и анализи ЦСИА Битола - еден, Здружение за промоција и развој на инклузивно општество ИНКЛУЗИВА - 11, Институт за социјална промена ИНСОК - 10 и Здружението за права и хуманост ИНТЕГРА НАУ - 10. 

Според податоците од официјалната веб страна на ДИК, најмногу меѓународни набљудувачи на Локалните избори 2025 има акредитирано ОДИХР -Канцеларија за демократски институции и човекови права - 524, Aмбасада на САД во Скопје - 30, Европски Парламент - 12, Британска Амбасада во Скопје - 11, Државна Изборна Комисија на Хрватска - двајца, Унгарската амбасада - осум, Центар за развој, реформи и обуки на изборни систем Грузија - двајца, Амбасада на Словачка еден, Централна изборна комисија на Украина - еден, Меѓународна Фондација за изборни системи Вашингтон, САД-подружница во РСМ - седум, Амбасада на Франција - девет, Амбасада на Кралството Холандија - десет, Институт за соработка и развој-Франција еден, Врховен изборен совет на Република Турција - двајца, Амбасадата на Швајцарија - тројца, Државна изборна комисија Молдавија - двајца, Амбасада на Република Албанија - четворица, Амбасадата на Турција - еден, Амбасадата на Косово тројца, Центар за тренинг на Молдавија еден и Централна изборна комисија на Косово 10 набљудувачи. 

МИА