Во Скопје со право на глас 474 304 граѓани, ќе избираат помеѓу 16 кандидати за градоначалник и 19 листи за советници
Скопјани на Локалните избори 2025 имаат можност да избираат градоначалник на Град Скопје меѓу 16 кандидати, од кои само една жена. За 45 советнички места има поднесено 19 листи со 855 кандидати. Тие исто така гласаат и за градоначалници и за советници на скопските општини во кои живеат. Па, така, на изборните места ќе добијат четири ливчиња, кои по гласањето ќе треба да ги стават во обележани кутии. Право на глас во Градот Скопје имаат 474 304 избирачи.
Кандидати за градоначалник на Скопје се Орце Ѓеорѓиевски поддржан од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Каја Шукова, поддржана од СДСМ и коалицијата, Драган Николовски, поддржан од група избирачи, како и Сашо Маневски, Зоран Јованоски од Единствена Македонија, Амар Меционовиќ од Левица, Демир Исмаил од Сојузот на Ромите, Владимир Куноски од Работничка партија, Александар Тортевски од Партија Твоја, Срџан Амет од Политичка партија Унија на Роми Скопје, Александар Трајановски поддржан од ЛДП, ГРОМ, Интегра и ПЦЕР, Вангел Божиноски од Родина Македонија, Скендер Реџепи поддржан од коалицијата предводена од ДУИ, Владимир Трајковски од Македонска ера трета/Македонски независни листи-Суверенисти, Горан Марковски поддржан од Независни заедно и Алексадар Рашковиќ од ТМРО.
Во скопската општина Аеродром со право на глас се 68 772 избирачи. На изборите ќе можат да гласаат за Славко Мишура поддржан од Група избирачи, Марјан Димитриев од Левица, Владимир Михајловски од ТМРО, Дејан Митевски од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Александар Трајановскиа од СДСМ и коалицијата и Дејан Лазаревски поддржан од коалицијата ЛДП, ГРОМ, Интегра и ПЦЕР. Во Аеродром, каде локалниот совет има 27 члена, поднесени се 10 листи за советници со 270 кандидати.
Во Бутел има 33 116 гласачи запишани во Избирачкиот список, кои ќе можат да изберат помеѓи четворица кандидати за градоначалници и тоа Оливера Ливриниќ поддржана од коалицијата предводена од СДСМ, Исамедин Азизи поддржан од коалицијата предводена од ДУИ, Дарко Костовски од коалицијата предвоена од ВМРО-ДПМНЕ и Бехар Емини од Влен. Во општина Бутел има 19 советници, а поднесени се 19 листи со 228 кандидати.
Во Гази Баба има 61 438 гласачи, а во оваа скопска општина има седдумина кандидати за градоначалник: Златко Тренчевски поддржан од Левица, Зоран петковски од партијата Демократи Скопје, Влатко Митовски од коалицијата предводена од СДСМ, Бобан Стефковски поддржан од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Марија Мајкиќ од Единствена Македонија, Влатко Утевски од Македонска Ера Трета / Македонски Независни Листи - Суверенисти и Тоне Димковски од Работничка партија. Гази Баба има 27 членови на советот, а за овие локални избори поднесени се 12 листи за советници со 324 кандидати.
Во скопската општина Ѓорче Петров има 39 678 избирачи, кои треба да изберат помеѓу четворица кандидати и тоа: Александар Димитријевиќ поддржан од Левица, Костадин Ацевски од коалицијата предводена од СДСМ, Љупчо Јаневски од коалицијата ЛДП, ГРОМ, Интегра и ПЦЕР и Александар Стојкоски поддржан од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Ѓорче Петров има 23 членови на советот. Поднесени се седум листи за советници со 161 кандидат.
Во Избирачкиот список за скопски Карпош се запишани вкупно 56 856 избирачи, а на избирачкото ливче ќе се најдат пет кандидатури за градоначалник и тоа Сотир Лукровски поддржан од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Димитров од Левица, Стевчо Јакимовски поддржан од коалицијата на ЛДП, ГРОМ, Интегра и ПЦЕР, Маја Мојсова Мијовска од коалицијата предводена од СДСМ и Невена Георгиевска поддржана од Група избирачи. Во Карпош има 27 советници, а за Локалните избори 2025 поднесени се 10 листи со 270 кандидати.
Седдумина кандидати за градоначалник има во Кисела Вода, каде во Избирачкиот список се запишани 53 643 гласачи. Ќе се гласа за Марко Ташков поддржан од Група избирачи, Кети Сталеска исто така поддржана од Група избирачи, Јане Ацевски од Левица, Горан Трајковски од СДСМ и коалицијата, Бети Стаменскоска - Трајкоска поддржана од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Оливер Поповски поддржан од коалицијата ЛДП, ГРОМ, Интегра и ПЦЕР и Марко Салџиевски од Твоја партија. Кисела Вода има 27 членови на советот, а за овие избори поднесени се девет листи за советници со 243 кандидати.
Во Сарај со право на глас се 34 341 граѓани, кои градоначалник треба да избираат помеѓу четворица кандидати и тоа: Мухамет Елмази од Влен, Ремзи Мамути независен кандидат за градоначалник, Тензи Белули од Демократи и Блерант Рамадани поддржан од коалицијата предводена од ДУИ. Советот во оваа скопска општина има 19 членови, а поднесени се три листи со 57 кандидати.
За скопската општина Центар, каде во Избирачкиот список за запишани 44 109 гласаачи, има пет кандидатури: Мирослав Лабудовиќ од ЗНАМ, Горан Герасимовски поддржан од коалицијата предводена од СДСМ, Марија Среброва од Левица, Билјана Ивановска од група избирачи и Лидија Ѓорѓевиќ од Македонска ера трета. Во Центар има 23 членови на Советот, а се поднесени девет листи со 207 кандидати за советници.
Во Чаир право на глас имаат 58 458 избирачи. Во оваа општина има тројца кандидати за градоначалник Ицо Колевски од Работничка партија, Бујар Османи поддржан од коалицијата предводена од ДУИ и Изет Меџити од Влен. Чаир има 27 членови на локалниот совет кои ќе се бираат меѓу девет листи за советници со 243 кандидати.
Во Шуто Оризари има 23 893 гласачи, а во оваа општина има најмногу кандидати за градоначалник од скопските општини - осум. Кандидирани се: Шабан Салиу од Демократски сили на Ромите, Елвис Бајрам од Сојуз на Ромите, Северџан Илјаз од Политичка партија ДЕМОКРАТИ Скопје, Ќамуран Сејди од Демократска партија на Ромите, Едис Хасан од коалицијата предводена од СДСМ, Курто Дудуш од Политичка партија Унија на Роми Скопје, Ѓеѓе Демировски од Бошњачки демократски сојуз и Ерџан Демир поддржан од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.
Шуто Оризари има 19 членови на локалниот совет. За овие избори поднесени се седум листи за советници со 133 кандидати.
Вториот круг од локалните избори ќе се идржи на 2 ноември.
МИА
Ново на Сител
-
Мирен изборен ден во Штип, Пробиштип, Свети Николе и Карбинци
-
Во Битола до 15 часот гласале 31,45 проценти од гласачите
-
Израел започна воздушни напади врз централна Газа
-
Излезноста до 15 часот на ниво на држава е 31,32%
-
Кац им наредил на ИДФ „силно да дејствуваат против терористичките цели на Хамас во Газа“
-
До 13 часот во Прилеп гласале 21,69, а во Крушево 33,88 проценти
-
Во Прилеп лишени од слобода две лица поради „поткуп при избори и гласање“
-
Локални избори 2025, вести во 14:00 на Сител Телевизија