Герапетритис: Договорот од Преспа има задолжителен карактер и обврски што треба во потполност да се почитуваат
Договорот од Преспа е меѓународен договор има задолжителен карактер, ги обврзува страните и создава обврски што треба во потполност да се почитуваат, посочи министерот за надворешни работи на Грција Јоргос Герапетритис по средбата со неговиот француски колега Стефан Сежурне, јави дописничката на МИА од Атина.
Шефот на грчката дипломатија рече дека со Сежурне, меѓу другото, разговарале и за „иднината на Европа, која е директно поврзана и со проширувањето“.
-Повеќе од 20 години по Солнската агенда Грција и Франција остануваме силни поддржувачи на проширувањето со државите од Западен Балкан. Но, неопходен предуслов за успех во проширувањето е почитување на владеењето на правото и правата на малцинствата и универзалното, а не селективно, почитување на меѓународното право. Конкретно за Договорот од Преспа повторувам дека како меѓународен договор има задолжителен карактер, ги обврзува страните и создава обврски што треба во потполност да се почитуваат, рече Герапетритис.
Двајцата министри разговарале за ситуацијата во Украина и на Блискиот Исток, за билатералната соработка во повеќе области, но и за мигрантското прашање, за кое шефот на грчката дипломатија рече дека „Грција континуирано ја потенцира потребата за праведна поделба на товарот во рамките на договорот за миграција и азил“.
Паралелно додаде дека треба да се справат и со „надворешната димензија на мигрантското прашање“, да ги координираат напорите за борба против мрежите на криумчарите и разговарале за координација на активностите.
Шефот на француската дипломатија во изјавата по средбата со Герапетритис се осврна на соработката во цивилната заштита и справувањето со климатската криза и меѓусебната помош, ја спомена воената билатерална соработка, велејќи дека особено се зајакнати врските во конкретната област и рече дека односите меѓу двете земји се карактеризираат со солидарност, доверба и блискост.
-Нашите две земји се одлучно посветени на стабилноста, безбедноста и мирот во рамките на нашите обврски во Европската Унија и НАТО. Заедно, двете земји придонесуваме во европската одбрана и во евро-атлантската безбедност и се надевам дека ќе можеме да ја продолжиме нашата заедничка амбиција за да ја зајакнеме европската одбрана и стратешката автономија на Европа во следните месеци, секако од други позиции, но од страна на Франција оваа волја секогаш постои, рече Сежурне, посочувајќи дека грчко-француската соработка е неопходна и е нешто што треба да се одржи.
Додаде дека за низа теми се поклопуваат ставовите на двете земји, споменувајќи ја потребата да се имплементира европскиот договорот за миграција.
Сежурне утрово беше номиниран за француски еврокомесар со одлука на претседателот на Франција, Емануел Макрон.
Ново на Сител
-
30 дневен притвор за обезбедувањето на Мицкоски се обидел да земе 50.000 евра за службените документи
-
На сметките на пензионерите легнаа повисоки пензии за 2.500 денари
-
Трендафилов со предлог - И јас и пратениците да земаме 500 евра плата, но и работниците да добијат толку
-
Државата ќе им исплаќа субвенциониран оброк и на вработените студенти со плата под минималната
-
Преглед на вестите од светот
-
Целосна забрана за пиротехника во затворени простории и повисоки казни денеска пред пратениците
-
Тројца пациенти кои се лекуваат во странство и натаму се во критична состојба
-
СДСМ: Кој му ги дал службените тајни на обезбедувачот на Мицкоски?