Генералка викенд – почна најмасовната акција за собирање на отпадот
Да сфатиме дека генералка викенд треба да прерасне во Генералка 365 дена, изјави претседателката Гордана Сиљановска Давкова.
Почна најмасовната акција за собирање на отпадот. Прва локација - скопскиот Аквадукт. Волонтери, функционери, претставници од невладиниот сектор и градоначалици денеска ги засукаа ракавите и почнаа да го собираат ѓубрето околу скопскиот Aквадукт. Значајно културно наследство, оставено на забот на времето, опколено со мали депонии.
Образовниот систем ги насочува младите да се грижат за животната средина, порача и министерката за образование и наука.
Евелина е девојка од Полска, но повеќе години живее во Скопје и е вклучена во еколошки акции. Таа на сите граѓани им порача да се вклучат во Генералка викенд.
Македонија е држава која не го рециклира отпадот. Имаме легислатива за управување со него, но нема никаква имплементација. Моменталниот начин со кој државата се справува со отпадот, се коси со тоа што ЕУ го бара од нас како потенцијална членка за да се придружи на европското семејство.
-
Габриела Лескова
Сите содржини од овој новинар