Генерали во новата влада на Зимбабве

Новиот претседател на Зимбабве, Емерсон Мнангагва го состави својот кабинет, а во него високи позиции добија воени генерали.
Сибусиси Мојо, генерал кој се појави на државната телевизија кога војската неодамна ја презеде контролата во земјата, поставен е за нов министер за надворешни работи.
Командантот на воздухопловството Перенс Шири е именуван за министер за земјоделство.
Мнангагва положи заклетва минатата недела, откако Роберт Мугаге се согласи да поднесе оставка по 37 години владеење со државата.
Аналитичарите наведуваат дека некои сојузници на Мугабе се отпуштени од државната администрација, додека некои контроверзни долгогодишни министри повторно добиле важни положби.
Опозициските политичари сметаат дека составот на новиот кабинет претставува предавство на народот и доказ дека армијата, која имаше големо влијание и за време на владеењето на Мугабе, и натаму управува со земјата.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Иванка Василевска, пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ
-

Преглед на вестите од светот
-

Ветото е моќна алатка - Бугарските европратеници остро против новиот пристап за проширување на ЕУ
-

Мицкоски охрабрен од новите предлози на Кос
-

Не помина предлогот за минималец од 600 евра - Од 105 присутни пратеници само 13 гласаа „да“
-

Инфлација од 2,7% во септември, измери статистиката
-

И догодина ќе точиме скапо гориво?
-

Судот му одреди мерки за претпазливост на вишиот обвинител од Битола
