ГДОМ и денеска со масови собири: Народот обединет во одбрана на Македонија
И денеска продолжуваат големите народни собири во организација на Граѓанското движење за одбрана на Македонија (ГДОМ).
Започнувајќи од 19 часот, народни собири ќе има во Штип и Велес. Во Ресен пак, масовниот собир веќе е започнат.
Граѓаните се на нозе, граѓаните бараат избори. Избори со кои ќе се стави крај на кризата. Избори кои мора да се случат! Избори на кои Македонија ќе победи, пишува на Фејсбук страната на ГДОМ.
-Граѓаните се против попречувањето на врвното демократско право на секој човек, правото на глас. Глас со кој самиот одлучува за својата иднина, глас кој е неприкосновен и кој никој нема право да го цензурира, да го блокира. Никој нема сила да го спречи гласот на народот. Никој не смее да си игра со иднината на оваа земја, блокирајќи ги изборите за да продолжи агонијата и деструктивните сценарија. Стоп за кризата, стоп за деструкцијата. Да за одење на избори и крај на оваа состојба која го умори народот, ја успори економијата и ја прави неизвесна иднината на Македонија. Големите народни собири во организација на Граѓанското движење за одбрана на Македонија (ГДОМ) низ цела Македонија продолжуваат, се вели во Фејсбук статусот.
Ново на Сител
-
Во Корча се градеше стратегија за подобра положба на Македонците во Албанија
-
Протест во Неготино
-
Прометот во маркетите вчера помал за 22%
-
СДСМ обвинува за цената на струјата
-
Кои кандидати се во игра за градоначалник на Скопје?
-
ВМРО-ДПМНЕ: Дали Мирчевски се уште е во раководството?
-
Бројот на заболени од грип во Струмица годинава речиси двојно поголем во споредба со истиот период лани
-
Намаленото ниво на езерото ги загрижи еколозите