-->
-->
Гаук: Решението на бегалската криза во Европа треба да ги вклучува и САД
-->
Германскиот претседател Јоаким Гаук изјави денеска по средбата со американскиот колега Барак Обама во Белата куќа дека е важно САД да учествуваат во решавањето на кризата со стотиците илјади сириски бегалци кои бараат азил во Европа, јави ДПА.
Гаук повика решението за кризата да се бара не само од Европа, туку и во САД.
- Германија поради историјата е подготвена да прифати овие луѓе, изјави Гаук. Германскиот претседател повика да биде најдено решение како да се помогне на бегалците од сирискиот конфликт, но и да се реши причината за овој конфликт.
На средбата на двајцата претседатели биле разгледани и опасностите од политичка нестабилност во Германија поради бегалската криза и напорите на САД за помош на сириските бегалци.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
НАТО вежба во Бугарија
-
Во Струмица вечерва започнува 33-то издание на Фестивалот на камерен театар ,,Ристо Шишков“
-
Преглед на вестите од светот
-
Обновена постапката на Археолошкиот музеј
-
Шекеринска во дводневна посета на Бугарија
-
Тема на денот со Влагојче Атанасовски, политички аналитичар
-
По пожарот во Виница 25 лица побарале лекарска помош, 12 задржани на болничко лекување
-
Пожари на истокот