Гаши: 2025-та ни нуди можност да работиме за поправедна и поразвиена држава, во која сите живеат достоинствено и просперитетно
Претседателот на Собранието, Африм Гаши со видео-обраќање објавено на неговиот фејсбук-профил им ја честита на граѓаните Новата 2025 година.
Во обраќањето спикерот Гаши посочува дека изминатата 2024-та била година на предизвици и суштински промени, а дека претстојната 2025-та „ни нуди можност да работиме за поправедна и поразвиена држава“.
- Во пресрет на новогодишните празници, чувствувам дека е совршен момент да рефлектираме за она што го поминавме, како и да го отвориме патот за новата година со нови можности. Годината што ја оставаме зад нас, имаше предизвици, но и суштински промени. Нашето Собрание, по политичката ротација годинава, имаше нов состав и динамика. Покажавме сериозен ангажман во зголемувањето на транспарентноста и парламентарната дипломатија, вели претседателот на Собранието во видео обраќањето.
Годината што доаѓа, нагласува Гаши, ни нуди можност да работиме за поправедна и поразвиена држава, во која сите живеат достоинствено и просперитетно.
- Сечија посветеност е клучна за остварување на нашите заеднички аспирации. Затоа, надвор од какви било разлики, да работиме заедно и да ја направиме реалност оваа идеална држава со нашите заеднички вредности. За крај, дозволете ми во мое лично име, во името на пратениците и во името на Собранието да ви честитам Нова Година со здравје, мир и среќа на вам и вашите семејства. Срдечно, Среќна Нова 2025 година, вели Гаши во честитката.
Ново на Сител
-
Нови два случаи на Ковид-19, во 2025 вкупно 13 заболени
-
Четворица обвинети за инцидентот со пукање со пиштол во Чаир во кој едно лице беше рането
-
Судењето за убиството на малолетната Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски продолжува на 27 јануари
-
Косовец се обидел да пренесе 48.000 пара чорапи преку Блаце
-
37-годишник загина во пожар во сопствената куќа во Делчево
-
Скопје без парно, родители добиваат повик да си ги земат децата од училиштата и градинките
-
„Не апсеа и казнуваа по 173 евра за знамето со сонцето од Кутлеш“, сведоштва на македонски навивачи во Вараждин
-
Поскапуваат горивата