Галетановски: Тендер за озвучување на изгорена Универзална сала, дали сте нормални?
„Скопјани дишат загаден воздух, нема автобуси, градот тоне во нечистотија, Универзална сала е пеплосана, Зоолошката диши на шкрги. Ова е секојдневието на граѓаните на Скопје,“ изјави претседателот на Градската организација на СДСМ, Ѓорѓи Галетановски.
Тој ја осуди неодговорноста на градската власт и нејзината неодамнешна одлука да објави тендер за техничка опрема, озвучување и осветлување на Универзална сала, вреден речиси 2,5 милиони денари.
„Што прави локалната градска власт, Советот на градот и градоначалничката на Скопје? Ништо. Но, затоа се силно фокусирани на тендери. Овде нема здрава логика ниту трошка разум,“ истакна Галетановски, додавајќи дека граѓаните со право се револтирани од ваквото трошење на јавните средства.
„Имате ли грам жал? Да не правите журка врз маката на скопјани?“ праша Галетановски, повикувајќи на итно стопирање на тендерот и пренамена на средствата за реални потреби на граѓаните, како субвенции за инвертери или помош за Зоолошката градина.
Ново на Сител
-
Запленети над два тона сув цвет од канабис од објект на правно лице во Зелениково
-
Зеленски и Трамп разговараа за потенцијално заедничко производство на беспилотни летала
-
Прекин во снабдувањето со електрична енергија во дел од централното подрачје на Скопје
-
Путин не може да биде среќен од резултатите од Самитот во Хаг, смета Руте
-
Роналдо му се заблагодари на Пиоли по заминувањето од Ал-Наср
-
Виолетовата медуза повторно присутна во делови на Грција
-
Трамп ја потврди посветеноста на колективната одбрана на НАТО и го поздрави растот на трошоците за одбрана
-
Измени на Законот за воздухопловство, предлог да се зголеми на шест години финансиската поддршка за нови авиолинии