ГАК: Најголемото бебе во земјава е родено по природен пат
– По објавата на ФБ, ГАК попладнево со соопштението дава повеќе детали за најголемото машко бебе, тешко 5.700 грама и долго 55 сантиметри, кое се роди изминатиот месец по природен пат.
– При приемот на пациентката, направена е комплетна евалуација и проценка од страна на докторите за големината на плодот како и карличните мерки на пациентката. Покрај овој битен податок за раѓањето, мајката целосно беше информирана при што таа само ја потврди нејзината желба породувањето да заврши по природен пат. Доколку би постоело одредена акушерска индикација породувањето ќе се завршело со царски рез, соопштија од ГАК.
Посочуваат дека пордувањето е отпочнато спонтано и дека станува збор за второртка со уредна и редовно контролирана бременост, породена во термин. И првиот плод на мајката бил роден со голема телесна тежина.
Ново на Сител
-

Повторно судење за врсничко насилство во Штип
-

Стојанче Јовановски осуден на максимални 12 години затвор
-

Инфлацијата во април - 5,7%, најголем скок кај цените на храната
-

РКЕ ќе анализа дали блоковите се правични
-

Идниот месец реконструкција на кабинетот на премиерот Мицкоски
-

Муцунски: Нема услови за уставни измени
-

Собранието го донесе Законот за Советот на јавни обвинители, СДСМ гласаа против
-

Седмоодделенец од Битола упатувал закани по живот на соучениците

