Габриел: Новите санкции на САД кон Русија се повеќе од проблематични

Министерот за надворешни работи на Германија, Зигмар Габриел изјави денеска дека новите санкции, кои претседателот на САД, Доналд Трамп ги потпиша во форма на закон се „повеќе од проблематични“.
Габриел во говорот, кој го одржа во Волфсбург во северна Германија ги критикуваше САД, што го прекинале досегашното договарање со ЕУ по прашањето за Русија, велејќи дека тоа во минатото било клучно за обезбедување силен договор со Москва.
- Во нацрт-законот јасно се наведува дека тие ги следат економските итнереси и ние сметаме дека тоа не е прифатливо. Агресивно ги комбинираат надворешно-политичките прашања со американските еконосмки интереси и велат: „сакаме да го протераме рускиот гас од европскиот пазар за да можеме да го продаваме американскиот гас“, тоа е нешто што ние дефинитивно не можеме да го прифатиме, нагласи шефот на германската дипломатија.
Ново на Сител
-

Одбележан 9 Мај – денот на победата над фашизмот и денот на Европа
-

Путин уверен во победа над Украина - парада без тенкови и ракети
-

Германија најавува откажувања на летови и поскапи авиокарти, кај нас најавени нови линии
-

Енормно се зголемија цените на становите
-

Ристески: Лани отворени нови 15.000 работни места, историски најмала невработеност од осамостојувањето
-

Првиот технолошки парк во Македонија- вештачка интелигенција која решева реални проблеми
-

Генералка викенд
-

Преглед на вестите од светот
