ФЗОМ ќе ја зголеми квотата за овој месец и вкупниот буџет за лекови
Фондот за здравствено осигурување на Македонија со цел да обезбеди доволно лекови за осигурениците одлучи да ги зголеми квотите за овој месец во износ од 15 милиони денари кои ќе бидат линеарно распределени по аптека, рече денеска на прес-конференција директорот на ФЗОМ Ден Дончев. Мерката стапува во сила веднаш.
Осврнувајќи се на краткорочните мерки кои ќе бидат преземени, посочи дека вкупниот буџет за лекови за годинава ќе се зголеми во износ од 100 милиони денари годишно, ќе има ревизија на Правилникот и методологијата на распределба на финансиските средства – квотите и надоместоците на аптеките, нова поправична и поефикасна распределба на квотите на аптеките и поефикасен систем за нивни надоместоци.
Во долгорочните мерки што ги најави, рече дека се предвидува разгледување на можностите за воведување интегриран и ефикасен електронски систем преку вклучување на сите институции и здравствени установи и работници од здравствениот систем со воведување електронско здравствено досие по пациент.
- Достапноста на квалитетни лекови за сите осигуреници во Македонија е континуирана заложба на Фондот за здравствено осигурување, додаде Дончев.
Ново на Сител
-
Драчево без вода
-
Му се заканиле дека ако не им даде 40.000 евра ќе го убијат, уапсени двајца Турци за изнуда | ФОТО
-
Трамп воведе царини за дрвена граѓа и дрвени производи
-
Без вода корисници од објектите на УКИМ
-
Арапски, муслимански и европски држави го поздравија планот на Трамп за Газа
-
До 30 октомври рок за продолжување на правото на студентска стипендија
-
Трамп: Време е Хамас да го прифати мировниот план за Газа
-
Локални избори 2025: ВМРО-ДПМНЕ со митинзи во Вевчани, Струга и Ресен, СДСМ во Лозово, Карбинци и Пробиштип