ФЗО и УЈП со контроли кај матични гинеколози, кај 26 од 49 немало никакви неправилности

Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) и Управата за јавни приходи (УЈП) извршија контроли кај приватни здравствени установи, матични гинеколози при што утврдиле дека кај 26 од 49 немало никакви неправилности. Клучните наоди покажале дека неуредност, (збирно утврдени неправилности од ФЗО и/или УЈП), имало кај 23, само од ФЗО кај 3, само од УЈП кај 11 и од двете институции, кај 9 установи.
Генералниот директор на Фондот, Сашо Клековски на прес-конференција информираше дека ФЗО има склучено договор со вкупно 149 приватни здравствени установи (ПЗУ) за вршење на примарна здравствена заштита во дејноста гинекологија - матични гинеколози.
- Во ноември 2025 година извршени се заеднички контроли со Управата за јавни приходи (УЈП) во 49 ПЗУ (33% од вкупниот број договори). Контролите се извршени поради зачестени претставки од осигуреници. Заедничка контрола на ФЗО и УЈП за последен пат е направена во 2012 година. Целта на контролите е проверка на придржување кон договорните обврски, особено кон одредбата дека: „Прегледот, ЕХО, колпоскопијата, земањето на брис за микробиолошко и цитолошко испитување (за ПАП-тест), како и сите други дијагностички и терапевтски процедури кои се согласно медицина заснована на докази кај избраниот лекар не се наплатуваат“, појасни директорот.
Клучните наоди покажале дека неуредност, (збирно утврдени неправилности од ФЗОРСМ и/или УЈП), имало кај 23, само од ФЗОРСМ кај 3, само од УЈП кај 11 и од двете институции, кај 9 установи. Утврдени биле неправилности кај 12 ПЗУ, главен тип на неправилност од ФЗОРСM, наплата на дополнителни средства од осигурени лица (кај 8 ПЗУ) и неуредна евиденција (кај 5 ПЗУ). Од УЈП утврдени биле неправилности поврзани со фискализација кај 20 ПЗУ, со изречени глоби.
Директорката на Управата за јавни приходи, Елена Петрова, појасни дека во рамки на заедничките контроли на УЈП и ФЗО во приватни здравствени установи од областа општа гинекологија, УЈП извршила контроли кај 46 приватни гинеколози.
- Кај 35% односно 16 установи утврдивме неправилности во евидентирањето на готовинскиот промет и веднаш беа изречени прекршочни санкции. Сакам јасно да потенцирам, иако здравствените услуги се ослободени од ДДВ, а најголем дел од овие установи плаќаат симболичен годишен данок на вкупен приход од 1% или се целосно ослободени, тоа не значи дека неевидентирањето на прометот е без даночен ефект, истакна таа.
Напротив, подвлече, неевидентирањето на приходите остава простор за нивно користење како неоданочени лични примања, стекнување личен имот од неоданочен доход, како и за плаќања на набавки во готово што директно ја храни сивата економија.
- Оваа пракса го поткопува системот, создава нефер предност на сметка на оние што работат законски, а во поширок контекст прогресивно води до зголемени загуби на јавни приходи. УЈП нема да толерира вакво однесување. Ќе продолжиме со засилени и координирани контроли и други мерки, се' до целосно усогласување на овие субјекти и постигнување трајна промена во насока на точно, целосно и навремено евидентирање на прометот и приходите од работењето, нагласи Петрова.
MИА
Ново на Сител
-

Мицкоски: Ќе ги зголемиме минималните плати според законското решение
-

Приведен струмичанец поради измами со лажните лекари и сообраќајки, кај него пронајдени над 15.000 евра
-

УХМР: Утре променливо облачно со дожд, на повисоките места снег
-

Приведени шест возачи, управувале возила иако имаат мерка „забрана за управување моторно возило“
-

Мицкоски: Постигнат е договор, околу 11 000 административци ќе земат покачување на платите од скоро 40 отсто до 2028 година
-

Во угостителски објект во Скопје на подрачјето на Центар се точел алкохол на малолетници, приведено едно лице
-

10 возачи управувале возила без возачка дозвола, ќе им бидат поднесени кривични пријави
-

Зеленски ја потпиша одлуката за нови санкции против рускиот воено-индустриски комплекс
