-->
-->
Фудбал У-19: Македонија против Швајцарија на стартот од квалификациите
-->

Македонската репрезентација до 19 години од денеска до 14. ноември ќе ги одигра натпреварите од квалификацискиот турнир за пласман во УЕФА Елитна рунда за Европско првенство. Македонија е во петатта група во Скопје против селекциите на Швајцарија, Белгија и Лихтенштајн редоследно.
Избраниците на селекторот Вујадин Станојковиќ своите натпревари ќе ги играат на тренинг центарот „Петар Милошевски“ крај ФФМ. Турнирот го отвораат со мечот против Швајцарија со почеток во 13 часот, на 11 ноември (сабота) играат против Белгија, а во последниот дуел закажан за 14 ноември (вторник) ќе играат против Лихтенштајн.
Распоред на натпреварите во групата 5:
8 ноември - Македонија - Швајцарија и Белгија - Лихтенштајн
11 ноември - Македонија - Белгија и Швајцарија - Лихтенштајн и
14 ноември - Македонија - Лихтенштајн и Швајцарија – Белгија.
Сите натпревари ќе се играат во терминот од 13 часот.
Првите две места носат учество во елитната дивизија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
За 100 евра месечно поскапе сместувањето во државни старечки домови
-
Тошковски најавува кривична одговорност
-
Тема на денот со Билјана Ивановска, поранешна претседателка на ДКСК
-
РСБСП: На матурска без автомобил!
-
Шпанија и Португалија без струја
-
Палевски: Ако сум убил – ќе правев алиби
-
СДСМ со видео снимка обвинува дека Тошковски штити роднини на високи партиски функционери
-
Претседателката на ДКСК Димитровска веднаш да поднесе оставка