Loading Video...
Спорт плус
24. August 2019 - 18:27
Французинот Рејмонд пред Поп Ацев до триумф на Охридскиот пливачки маратон
Французинот, Рејмонд е победник на 33-тото издание на Охридскиот пливачки маратон
Во конкуренција на 22 пливачи, Аксел Рејмонд го освои првото место на меѓународниот пливачки маратон во Охрид, кој е четвртата трка од Ултра Гран при серијата на ФИНА.
Тој патеката „Климе Савин“ долга 25 километри, ја исплива во време 5 часа 20 минути и 55 секунди .
До својот втор триумф на Охридскиот маратон (првиот пред шест години) Французинот стигна со само 7.секунди побрзо од нашиот пливач Евгениј Поп Ацев, кој пак сега е лидер во генералниот пласман од светската серија.
Зад него завршија двајцата Италијанци, минатогодишниот победник Франческо Џетини и Стокино, кој е зад Поп Ацев го Генералниот поредок
Кај дамите, во конкуренција на осум пливачки најдобра беше Аличе Франко од Италија
И годинашното издание на маратонот во Охрид беше под покровителство на претседателот на државата Стево Пендаровски, а наградениот фонд изнесуваше 15.000 долари.
До крајот на сезоната ќе се пливаат уште маратоните во Хрватска и Италија.
-
Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->