-->
-->
Француско-германска комеморација по повод Денот на примирјето од Првата светска војна
-->

По повод Денот на примирјето од Првата светска војна и Денот на народна жалост, амбасадите на Република Франција и на Сојузна Република Германија денеска на француските воени гробишта во Скопје ќе одржат комеморација.
Како што информира Француската амбасада во Скопје, предвидено е присуство на претставници на државните и општинските власти, на дипломатскиот кор и граѓанското општество. Обраќање ќе има амбасадорот на Франција, Кристијан Тимоние.
На комеморацијата, како што се наведува во соопштението, ќе бидат положени венци пред споменикот на паднатите борци на денот кога Франција и Германија го одбележуваат помирувањето меѓу двете држави како уште еден доказ за француско-германското пријателство.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Зголемено количеството на превезената стока во товарниот патен превоз
-

Просечната плата во септември 45.466 денари
-

Реализирано есенско порибување во Национален парк „Маврово"
-

Мицкоски: Суштината е во тоа да не оценуваат за реформите и чекорите, а не според билатералните прашања и спорови
-

ОЈО Кочани ќе вложи жалба за мерката куќен притвор за двајцата вработени во УЈП, кои се поврзуваат со постапката за корупција со клубот „Пулс“
-

Во завршна фаза целосната реконструкција на салата „Расадник“
-

Неколкумина повредени откако гризли мечка нападна деца од основно училиште во Канада
-

Вработен во ЈП „Комунална Хигиена“ Скопје физички го нападнал неговиот колега со тврд предмет
