Македонија
20. November 2025 - 16:14

Приведен 47-годишник од делчевско управувал возило под дејство на алкохол и излетал од патот

На 19.11.2025 во 18:02 часот кај с.Град, делчевско, полициски службеници го лишија од слобода Љ.Џ.(47) од с.Разловци, делчевско. Претходно, тој со возило „ауди“  со делчевски регистарски ознаки, кое го управувал, излетал од патот, а по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека во крвта има 1,77 промили алкохол. 

По целосно документирање на настаните, против двајцата ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“.