Краделе облека од продавници во Атина и ја препродавале во Тирана – уапсени осум лица

Осум лица – членови на криминална организација кои краделе облека од продавници во Атина, со автобус ја праќале во Албанија и ја препродавале во Тирана, се уапсени во паралелната полициска акција во областа Атика поширокиот регион на Атина и во Тирана, соопштија од грчката полиција, јави дописничката на МИА од Атина.
Меѓу уапсените на возраст од 33 до 63 години е и 54-годишната странска државјанка која била водач и координатор на криминалната организација и двајца членови од нејзиното семејство, а идентификувани со уште четири лица по кои се трага.
Полицијата запленила голема количина украдена облека и 71.420 евра, а организацијата користела девет возила за извршување на кражбите, додека пак операцијата е спроведена со поддршка на албанските власти.
Криминалната организација вклучувала две групи: една во Грција, задолжена за кражбите, при што 54-годишната била одговорна за испраќање на украдените производи, со помош на членовите од семејството, со автобуси до Тирана, каде нејзин роднина имал продавница за облека, со цел препродажба, додека другата група била во Албанија, задолжена за прием и продажба на украдените производи во продавница во Тирана, а често објавувале и реклами за продажба на облека на социјалните мрежи за да привлечат купувачи.
Во однос на тоа како функционирала мрежата, од грчката полиција информираа дека членовите на организацијата се собирале во атинска населба каде го планирале секојдневниот „распоред“, потоа, со едно од деветте „оперативни“ возила, оделе во продавниците поставени како цел, најчесто без силни безбедносни системи, краделе големи количини облека, а украдените производи ги складирале во магацин во Атина, од каде што со автобуси ги испраќале до Тирана за препродажба.
Членовите на групата биле опремени со специјална електронска алатка и силен магнет за производите со уреди за заштита од кражба, често извршувале повеќе кражби дневно, преземале мерки за да избегнат следење и редовно ги менувале изнајмените возила за да не остават траги.
Полицијата во Атина расчистила 14 кражби, додека пак при истрага на албанските власти во продавницата за облека во Тирана каде се продавала украдената облека бил пронајден голем број украдена облека со етикети на грчки јазик и со цена во евра.
Ново на Сител
-

Австралија: И „Амазон твич“ забранет за лица под 16 години, „Пинтерест“ ја избегна забраната
-

Мицкоски од Тирана: Остануваме решително ориентирани кон европските интеграции и регионалната соработка
-

Британија открива мрежи за перење пари кои ја поврзуваат земјата со Русија
-

Димитриеска-Кочоска: Буџетот за 2026 година е развоен, секоја ставка е внимателно проектирана
-

Краделе облека од продавници во Атина и ја препродавале во Тирана – уапсени осум лица
-

Мексиканката Фатима Бош е новата „Мис Универзум“
-

Потпретседателот на САД Венс за Украина: Трговија и културна размена наместо војна
-

Кремљ соопшти дека сè уште не е информиран за подготвеноста на Киев да разговара за мировниот план на Трамп
