Францускиот пратеник Воисин: Економските резултати на Македонија би сакал да ги видам во Франција
Одлични десет години на економски владеење на ВМРО-ДПМНЕ. Како резултат на сето тоа имавте намалување на невработеноста од 14 проценти што би сакал да го видам и кај нас, истакна вечерва на митингот во Куманово Мишел Воисин пратеник во национално собрание во Франција над 28 години и шеф на француската делегација на парламентарно собрание на ОБСЕ.
- Сакам да се заблагодарам на вашата влада за активностите кои ги спроведоа за време на миграцијата за договорот исток-запад за затворање на границата. Ние ги споделуваме истите вредности и убедување и ќе направиме сè за да влезете што побрзо во евроатланските структури. Ќе направиме сè да ги поддржиме вашите аспирации за влез во НАТО. И ние како републиканска партија ќе дадеме поддршка за вие утре и вашите деца и другите генерации да бидат дел од една Европа која ќе биде простор на мир. Дојдов овде за да им кажам на ВМРО-ДПМНЕ и на Никола Груевски дека партијата на републиканците со нашиот кандидат за претседател сме тука и ќе ви дадеме поддршка за вашата кампања, истакна Воисин.
Ново на Сител
-
Прегазен пешак во Охрид
-
ДИК ги утврди изгледот и содржината на гласачкото ливче
-
Кашиковски: Ако не биде исплатена августовската плата, од понеделник вработените во „Флораком“ и „Луна“ повторно на протест
-
Ристески: До крајот на годината ќе бидат изречени првите казни за компаниите кои не го почитувале Законот за нефер трговски практики
-
Се прават подготовки за пуштање на топловодната мрежа за грејната сезона
-
Зголемени водостоите на езерата и реките
-
За викендот стабилно време, со ниски утрински температури
-
Три лица фатени при нелегален транспорт на огревно дрво