Францускиот лекар, обвинет за силување деца, призна дека правел „одвратни работи“
Поранешниот француски лекар Жоел Ле Скварнек, обвинет за силување или сексуално злоставување на 299 луѓе, пред судот изјави дека правeл „одвратни работи“ и дека е подготвен да преземе одговорност за нив.
- Правев одвратни работи. Целосно сум свесен дека овие рани ниту можат да зараснат, ниту да се избришат“, изјави Скварнек (74) на првиот ден од судењето, кое започна во понеделникот во францускиот град Ван, во провинцијата Бретања.
За време на четиридневното судење, Скварнек ќе се соочи со стотици свои жртви.
Доколку биде прогласен за виновен, му се заканува затворска казна до 20 години, покрај 15-годишната казна што веќе ја отслужува откако беше прогласен за виновен во 2020 година за силување дете.
За време на претресот во неговиот дом, откриени се повеќе од 300.000 фотографии, 650 видео фајлови со педофилска содржина, како и дневници во кои тој ги детализирал своите активности, покажуваат судските документи.
На судењето во Ван ќе бидат истражени случаите на силување што тој го извршил помеѓу 1989 и 2014 година против 158 момчиња и 141 девојче, кои во просек имале 11 години во времето на силувањето и злоупотребата.
Ново на Сител
-
Две лица загинати откако со мотор удриле во бетонски столб во Скопје
-
Ѓоковиќ се пласира во финалето на турнирот во Женева
-
Украина и Русија ја почнаа најголемата размена на затвореници од почетокот на војната, разменети се 780 луѓе
-
Пратеничката Мимоза Муса ја напушти АА на Таравари
-
Силно невреме го зафати Белград, поплавени улици колапс на сообраќајот
-
Идниот гувернер ќе се избира на 28 мај
-
Косовски полицаец држел за врат српски матурант и го малтретирал во Косовска Митровица
-
Црвен крст: Досега собрани 156.542.967 денари за настраданите од пожарот во Кочани