Франција заплени 1,5 тони кокаин вреден 36 милиони евра
Француската царинска служба заплени 1,5 тони кокаин, чија пазарна вредност се проценува на 36 милиони евра, јави денеска весникот „Паризиен“, повикувајќи се на париското обвинителство.
Дрогата, спакувана во 30 пакети во вреќи, била откриена на 18 септември во камион запрен во градот Тур, во регионот Долина на Лоара. Камионот се движел кон департманот Ивелин, во регионот Ил де Франс. Зад воланот бил 53-годишен холандски државјанин, кој е уапсен и против кого е отворена истрага.
Операцијата била изведена по дојава од француското Министерство за финансии, кое претходно добило информација за пратка наркотици испратена од Шпанија за Холандија преку Франција.
Француските власти укажуваат дека во последните години е зголемено количеството на запленета дрога, особено од пратки што преку Шпанија пристигнуваат од јужноамериканските наркокартели. Често се користат транспортни компании кои наркотиците ги кријат меѓу легални стоки.
МИА
Ново на Сител
-
Калас: Признавањето на Палестина нема да ја подобри хуманитарната состојба во Газа
-
79-годишник од скопско пронајден починат во неговиот дом
-
16-годишен штипјанец тепал друг малолетник со боксирач и тешко го повредил
-
Семејствата на жртвите од „Рибникар“ бараат намалување на старосната граница за кривична одговорност на 12 години
-
Кривична за двајца струмичани, едниот возел украден мотор, другиот на велосипед „превезувал“ железна биста
-
На 28 септември осветување на храмот „Св. цар Константин и царица Елена“ во Скопје
-
Тошковски: Ценам дека ќе имаме уште едни демократски избори во Македонија
-
Промена на времето: Доаѓаат дождови и пад на температурите