-->
-->
Франција во финалето на ЕП за фудбалери до 19 години
-->

Младата фудбалска репрезентација на Франција до 19 години се избори за место во финалето на Европското првенство за оваа годишна возраст на фудбалери, што се одржува во Германија.
Во вториот полуфинален меч на шампионатот Франција ја совлада Португалија со 3:1.
Иако Португалија поведе со голот на Педро Пачеко уште во 3-минута од натпреварот, сепак Французите брзо се вратија во игра и веќе во 10-минута со голот на Лудовик Блас израмнија на 1:1.
Во вториот дел „Триколорите“ постигнаа уште два гола и тоа преку Килијан Лотин Мбепе во 67-минута за со конечни 2:1 да се радуваат на триумф, а со тоа и пласман во финалето.
А, во дуелот за шампионскиот трофеј младите Французи за противници ќе ги имаат врсниците од Италија кои со 2:1 во полуфиналето беа подобри од Англија, Финалниот меч на ЕП за фудбалери до 19 години ќе се игра во недела.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Никола Србов, историчар
-

Мицкоски верува во решение преку дијалог со Бугарија - Филипче бара европска иднина
-

ВМРО-ДПМНЕ со 3,5 пати поголем рејтинг од СДСМ
-

Кризната состојба за горивата ќе продолжи до април, намалено ДДВ за дизелот до 20 октомври
-

30.000 вакцини против грип пристигнаа во земјата – имунизацијата за една недела
-

Скопското Кале ќе биде прогласено за културно наследство
-

Оризовите стрништа го палат алармот кај пожарникарите
-

Од 20 - 30 питачи од најмала возраст во Oхрид
