Франција во борба против финансирањето на тероризмот
Франција покрај директната борба против терористите и воените акции во Сирија, борбата сака да ја води и на планот на финансиите, јавува дописникот на МИА од Париз.
Француското Mинистерство за финансии презеде мерки за да се ограничат финансиските трансакции во готово и посебни мерки во однос на анонимноста на клинетите.
За да се добие на време во следењето на сомнителните лица, службата за следење на финансиски трансакции Тракфин ќе може отсега да има пристап до листите на бараните лица. Се досега, тие досиеа беа недостапни за Тракфин. Од почетокот на 2016 година, тие ќе имаа директен пристап до листата на лица кои се сметаат дека се радикализирани.
Владата на Франција исто така најавува замрзнување имоти на лицата кои се смешани во терористички акти како и одземање социјална помош.
Париз исто така бара забрзување на процедурата за усвојување на директивата против перењето пари на ЕУ.
Франција сака да воведе мерки и при користењето банкарски картички со лимити, откако се откри дека терористите кои ги извршија атентатите во Париз користеле при плаќањето кредитни картички. Денес на пример не се прави проверка на личните документи на лицата кои сакаат да купат вакви картички до сумите со износ од 250 евра за картичките што не се дополнуваат и до 2.500 евра за картичките со важност од една година.
- Сумите кои се во игра се често скромни, а терористите бараат да ги избегнат сите траги и затоа треба да се применат такви мерки за да може полесно да се откриваат малверзациите на терористите, изјави министерот за финансии Мишел Сапан.
Франција веќе ги ограничи плаќањата во готово на 1.000 евра. Меѓу предложените мерки бара и полесен пристап до меѓунардоните банкарски трансакции.
Ново на Сител
-
Димитриеска-Кочоска: Владата обезбедува стабилност, предвидливост и партнерство во реализацијата на инвестициските планови
-
Тетовското обвинителство вложи жалба на пресудата за сообраќајна несреќа во која беше усмртена Теодора
-
Македонското студио „Денсерс јунајтед“ освои вкупно 19 медали во Полска
-
Со закани одзеле пари од малолетници, приведени три лица во Скопје
-
Кинеско МНР: Кина нема да посветува внимание на американската „игра со бројки“ во врска со царините
-
РСБСП со апел за Велигденските празнични денови: Возете одговорно и безбедно!
-
Колумбија прогласи вонредна состојба поради жолта треска и смртни случаи
-
Кампања на Царинска управа „Стоп за корупција“ за зголемување на свеста за опасностите кои ги носи корупцијата