Франција прогласува 294 општини за подрачја погодени од природна катастрофа

Францускиот премиер Себастијан Лекорну синоќа изјави дека 294 општини ќе бидат признати како подрачја на природна катастрофа по поплавите што ја погодија западна Франција во изминатите две недели. Уредбата за признавање на природната катастрофа ќе биде објавена утре.
Владата ќе остане целосно мобилизирана со градоначалниците и жителите погодени од поплавите“, изјави Лекорну синоќа, според „Фигаро“. Според податоците што Лекорну ги објави на социјалните мрежи, најмногу општини се од департманите Лот-е-Гарон, Мен-е-Лоар и Жиронд.
Лекорну додаде дека 77 барања ќе бидат одложени за да можат општините да ги дополнат своите барања, кои повторно ќе бидат разгледани на седниците на 3 и 10 март.
Француската влада ги разгледува првите барања од општините погодени од поплавите, откако минатата недела вети брзо обесштетување за градовите што претрпеа штета од бурата.
По рекорден број последователни денови врнежи од дожд во Франција, кои траеја 40 дена, во понеделникот имаше пауза, но поплавите сè уште не се завршени, според француската метеоролошка служба.
Во западните делови од земјата, нивото на водата полека се намалува, што укажува на постепено враќање во нормални услови во некои погодени области.
Ново на Сител
-

Муслимани на Блискиот Исток го слават Бајрам под строги рестрикции и воени тензии
-

Муслиманите го слават Бајрам
-

Јаневска: Наскоро нова верзија на Законот за високо образование
-

Од СВР Охрид апелираат до сите возачи да ги почитуваат сообраќајните правила
-

Прилеп наскоро ја добива првата линија за секундарна селекција на отпад во Македонија
-

Зошто власта го одби предлог-законот за ГПС алки за насилниците?
-

Teма на денот со Моника Зајкова, претседателка на ЛДП
-

Ненад Савески ја презема функцијата државен јавен обвинител
