Франција ја повика Русија да ги поддржи напорите за мир во Сирија
Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив ле Дријан ја повика Русија да ги поддржи меѓунардоните напори за изнаоѓање политичко решение за конфликтот во Сирија.
- Треба со здружени напори да го поддржиме политичкиот процес во Сирија, кој ќе овозможи обезбедување излез од крозата, изјави Ле Дријан во интервју за денешниот број на весникот, „Журнал ди Диманш“, само еден ден по вчерашните напади на САД, Франција и Велика Британија врз цели во Сирија.
Ле Дријан нагласи и дека Франција ги продолжила редовните контакти и разговори со Русија дури и по зголемувањето на тензиите меѓу Москва и западните земји.
Францускиот претседател Емануел Макрон во петокот телефонски разговараше со својот руски колега Владимир Путин за состојбата во Сирија, само неколу часа пред нападите на трите западни земји врз објекти на сириските владини сили.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Бојан Кордалов, комуниколог
-
Избори во Германија, 630 пратеници за новиот состав Буденстагот
-
При градежни работи пронајден човечки труп
-
Затвореници со секојдневен излез се обиделе да внесат дрога и пари во Идризово
-
Преговори за откуп на тутун
-
Нема доволно водичи кои говорат германски јазик
-
Гејминг центар што обединува: Деца од различни светови, иста игра
-
Преглед на вестите од светот