Франција им оддаде почит на сите кои се бореа против коронавирусот
Под претседателство на Емануел Макрон на плоштадот Конкорд во Париз се одржа свеченост, под паролата „Ангажирана, обединета и солидарна нација“, со која се одбележа националниот празник на Франција – 14-ти Јули, за време на која им беше оддадена почит на сите кои зедоа учество во борбата против коронавирусот, јави дописникот на МИА.
Настан кој вообичаено е следен од толпа народ на Елисејските полиња, годинава не беше отворен за публиката, без традиционалното воено дефиле, кое беше сведено на минимум.
Изданието 2020 за 14-ти јули започна со оддавање на почит на генералот де Гол, за кој годинава се одбележува тројна годишнина: 130 години од неговото раѓање, 50 години од неговата смрт и 80 години од повикот од 18 јуни 1940 година,
По свеченостите и надлетувањето на Париз и плоштадот Конкорд од француското воздухопловство, чии елементи беа вклучени во евакуацијата на заболените, на плоштадот Конкорд се одржа мини воена парада, на која посебна чест им беше оддадена на здравствената служба на француската армија.
За да се избегнат санитарните ризици, пред почесната трибина на Конкорд парадираа 2.000 војници, наместо вообичаените 4.000. Први поминаа знамињата на четирите земји кои на Франција и помогнаа во справувањето со епидемијата, Германија, Австрија, Луксембург и Швајцарија.
Ова пред очите на 2.500 гости , од кои 1.400 претставници на Французите кои беа во првата линија за време на епидемијата: медицински персонал, семејства на починати припадници на медицинскиот персонал во борбата со Ковид-19, наставници, касиерки, вработени во погребалните претпријатија, полицајци, жандарми, пожарникари, вработени во фабриките за маски.
Претседателот Емануел Макрон, во 13 часот ќе го даде своето прво 14-то јулско телевизиско интервју, од кое се откажа од почетокот на мандатот. Но по кризата со жолтите елеци, протестите против реформата на пензискиот систем и сега кризата со епидемијата со Ковид-19 и последиците од неа, претседателскиот збор се очекува со нетрпение од француската нација.
Ново на Сител
-
Ана Брнабиќ: Со усвојување три медиумски закони, Србија ќе добие закони целосно усогласени со оние на ЕУ
-
Утре топло со температура до 38 степени
-
Скопјанец приведен во Кавадарци поради агресивно и недолично однесување
-
Жител на Пепелиште пријавил напад од три лица, напад и врз неговите родители и бабата
-
Приведен 58-годишен маж од Кавадарци, возел со 2,13 промили алкохол во крвта
-
Елмас: Може да жалиме што не ја победивме Белгија
-
Синер убедливо го победи Ѓоковиќ и се пласираше во финалето на Ролан Гарос
-
Приведен криминалец од Штип за доиздржување затворска казна од 11 години и осум месеци