Свет
10. јуни 2025 - 9:27

Во Брисел продолжува дијалогот меѓу Белград и Приштина

Нова рунда од дијалогот меѓу Белград и Приштина ќе се одржи денеска во Брисел под покровителство на Европската унија.

Белградската делегација, во која учествуваат бројни експерти, ја предводи директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија и главниот преговарач на техничко ниво, Петар Петковиќ.

Минатата недела во Брисел беа одржани одделни билатерални средби меѓу Белград и Приштина со медијаторот за дијалог на ЕУ, Петер Соренсен, а потоа беше објавено дека разговорите ќе продолжат.