-->
-->
Форум за кадровски менаџмент
-->
Бизнис центарот на Скопски плански регион, општина Аеродром и Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) организираат дводневен „Форум за кадровски менаџмент“.
Експерти, пртставници на банките, менаџери и познавачи од оваа област ќе дискутираат за предизвиците и можностите за развој на компаниите, како и за вработениот кадар како клучен фактор за успех на компанијата.
Форумот ќе го отворат претставникот на Центарот за развој на Скопски регион Розета Арсовска, извршниот директор на ССК Митко Алексов, како и претставник од општина Аеродром.
Учесниците ќе имаат презентации и ќе дебатираат на актуелни теми од кадровскиот менаџмент, за управување со таленти, трендовите на пазарот на трудот, личниот развој на вработениот и коучингот, социјална интелигенција, справување со тешките карактери на работа, како и за реконструирањето на организацијата за воведување на систем на награди и унапредување на работни места.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Завршен митинг на ВМРО ДПМНЕ во Охрид
-
Завршен митинг на СДСМ во Куманово
-
Завршен митинг на ВМРО ДПМНЕ во Охрид
-
Завршен митинг на СДСМ во Куманово
-
Завршен митинг на ЗНАМ во Куманово
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО ДПМНЕ
-
МВР со дронови ќе го набљудува избирачкиот ден, ќе има и дежурни обвинители низ Македонија
-
За пожарот во „Пулс“ ќе му се суди и на сопственикот на агенцијата за обезбедување